Шилегов и Јанчева се сретнаа со борците од НОАВМ: Почитта кон вас е доказ за нашата љубов кон Скопје

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и претседателот на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева денеска се сретнаа со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија по повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Шилегов на средбата, како што соопшти Град Скопје, им се заблагодари на борците за несебичната и пожртвувана борба за слободата по која копнееле генерации скопјани, им пожела добро здравје и понатамошна успешна соработка.

Градоначалникот Шилегов нагласил дека покажувајќи почит и внимание за ликот и делото на луѓето кои несебично ги положиле своите животи за нашата слобода покажуваме колку го сакаме сопствениот град и сопствената земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот