Шилегов: Градот Скопје сериозно вложува во образованието

Градоначалникот Петре Шилегов денеска го честиташе почетокот на новата учебна година на средношколците во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин”, но и на сите ученици во средните и основните училишта во Скопје. Тој на децата им посака успех во учењето и добри резултати при извршувањето на редовните училишни активности.

– Во Скопје живеат многу талентирани деца и јас очекувам дека со напорната работа во рамките на наставата тој талент ќе може целосно да излезе на површина. Во животот може се да добиете и се да загубите, но не и знаењето. Градот Скопје сериозно инвестира во образованието, во инфраструктурата во училиштата. Во завршна фаза се реконструкциите на фасадите на средните училишта „Цветан Димов” и „Марија Кири Склодовска” кои од оваа година ќе добијат нови, енергетски ефикасни фасади со модерен изглед, рече градоначалникот Шилегов, при посетата на СУГС „Раде Јовчевски Корчагин”.

Тој потсети дека пред почетокот на учебната година Градот Скопје го изгради првиот памптрак во Скопје. Оваа адреналинска патека за велосипеди, ролери и скејтборди се наоѓа во непосредна близина на училиштето „Раде Јовчевски Корчагин”, во централното градско подрачје, на лесно пристапна локација поволна за учениците од повеќе училишта.

На почетокот на новата учебна година градската библиотека „Браќа Миладиновци” симболично донираше неколку пакети книги за потребите на училишната библиотека во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот