Шест растенија кои ја отстрануваат прашината и алергените од просторијата

Фото: Pexels

Собните растенија можат да ни помогнат да го направиме почист воздухот во затворен простор. Тие не само што го прочистуваат воздухот и ја отстрануваат прашината, туку ги отстрануваат и токсините.

Освен што испуштаат кислород во воздухот, тие се и декоративни, а патем ги апсорбираат и алергените како прашина, полен и габи.

Во продолжение неколку предлози за собни растенија кои имаат такви својства:

Зелен крин (Хлорофитум)

Фото: Pexels / Cindy D’Silva

Тоа е едно од најдобрите растенија за отстранување на прашина и алергени од затворен простор. Преку листовите апсорбира прашина и нечистотии од околината. Резултатите од истражувањет спроведено од НАСА докажуваат дека ова растение е едно од најдобрите кога станува збор за отстранување на токсините од воздухот. Се вели дека зелениот крин може да отстрани 95 отсто од отровот за само 24 часа. Ова растение најефикасно е во отстранувањето на формалдехид и јаглерод диоксид. Треба да се чува на место каде што добива индиректна сончева светлина.

Арека палма

Фото; Pexels / Gerson Lozano

Растение кое е природен овлажнувач на воздухот и го намалува бројот на честички прашина во воздухот. Една студија во која ова собно растение било во близина на 300 испитаници во текот на 15 години покажала дека го подобрува целокупното здравје на оние кои останале во нејзина близина, а особено ги намалува главоболките, иритацијата на очите, респираторните проблеми и симптомите на астма.

Палмите Арека ја собираат прашината на нивните лисја, па не заборавајте да ги избришете повремено за да спречите да се акумулира. Ова растение треба да се стави на сончево место бидејќи има потреба од најмалку осум часа сончева светлина дневно.

Фикус

Фото: Pexels / Skylar Kang

Растение кое ја впива прашината од вашиот дом преку лисјата. На листовите често може да се забележи прашина, па затоа треба да се отстранува барем еднаш неделно. Фикусот исто така го навлажнува воздухот, што исто така ја регулира количината на прашина во воздухот.

Ова растение може дури и да го намали количеството на бензен и формалдехид, заедно со сите вообичаени загадувачи во воздухот. За ова собно растение најдобро е да биде поставено на прозорец од западна страна, бидејќи сака силна, но индиректна сончева светлина.

Спатифилум

Фото: Pexels / Karolina Grabowska

Ова растение испушта кислород во воздухот и го подобрува неговиот квалитет за дури 60 отсто. Растението апсорбира прашина и габични спори и ги користи како храна. Апсорбира и други загадувачи во воздухот, вклучувајќи алкохол, ацетон, трихлоретилен, бензен и формалдехид. Исто така, ја апсорбира и вишокот на влага во просторијата. Спатифилумот сака добро осветлена просторија, но не и директна светлина.

Сансеверија

Фото: Pexels / Care Flower Neko

Ова е добро познат прочистувач на воздух кој апсорбира алергени како прашина и првут. Ги собира на листовите, а во исто време ослободува и кислород. Ова собно растение намалува многу токсини во воздухот, како што се формалдехид, ксилен, бензен и јаглерод моноксид. Толерира и сонце и делумна сенка.

Бршлен

Фото: Pexels / Kulbir

Растение кое спречува таложење прашина и габи во домот. Оваа билка може да ги намали спорите на габите за 78 отсто. Спорите на габите лесно се вдишуваат во белите дробови во контакт со прашина, која инаку е многу штетна за здравјето, а со бршленот овој ризик значително ќе се намали. Најдобро е да го поставите ова растение на добро осветлено место со индиректна сончева светлина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот