Шест лица загинаа во лавини во Австрија

Фото: ЕПА/илустрација

Вкупно шест лица загинаа во две одвоени лавини во австриските Алпи, соопштија локалните власти.

Според австриските медиуми, утрово околу 9 часот и 30 минути лавината се урнала врз петмина планинари во централна Австрија. Неколку очевидци веднаш повикале брза помош, но планинарите, за кои се верува дека се од Чешка, веќе биле мртви кога спасувачите стигнале до нив.

Во југозападниот дел на Австрија полицаец, кој бил на обука на Алпите, исто така загина откако врз него паднала лавина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот