Шест деца се во критична состојба по пукањето во Казан

Детската републичка клиничка болница во Татарстан прими 18 деца по пукањето во училиште во Казан, а шест од нив се во критична здравствена состојба, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за здравство, пренесува TACC.

Путин нареди промена на законот за оружје по пукањето во Казан

„Вкупно се примени 18 деца. Шест од нив се во исклучително сериозна состојба – операциите се во тек. Останатите имаат рани, скршеници и модринки и во моментов се на испитување и лекување”, се вели во соопштението.

Инаку, напаѓачот, идентификуван како Илназ Гаиалијев, има 19 години и е поранешен ученик во тоа училиште. Според порталот База, тој на апликацијата Телеграм пред нападот креирал канал и оставил неколку пораки. Се фотографирал со маска на која пишува „Бог” и напишал дека ќе го нападне училиштето а потоа ќе се застрела себеси.

Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопшти дека напаѓачот бил сам и немал соучесници. Напаѓачот имал експлозивна направа и автоматско оружје.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ I Трагедија во Русија: Најмалку 11 мртви откако две лица пукаа во средно училиште

Сепак, локалните медиуми наведуваат дека полицијата проверува и друга верзија – дека напаѓачот имал двајца соучесници, односно помагачи. Според извор од ФСБ наводно приведен е и 41-годишниот Мохамедшим Рамил, осомничен за помагање и поддршка на нападот

Генералниот директорат на Министерството за вонредни ситуации (ЕМЕРКОМ) на Русија во Татарстан отвори телефонска линија за психолошка помош. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот