Шерон Стоун се пожали за богатството од 40 милиони долари: Тешко е да си богат и славен

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Богатството на познатата актерка Шерон Стоун е проценето на 40 милиони долари, но таа во новото интервју за „Ин стајл“ се пожали дека скапо го плаќа тоа што е богата и славна.

Познатата актерка вели дека е многу скапо да се биде славен. Некои од нејзините трошоци го вклучуваат неодамна купениот дом, како и хонорари за персоналот за обезбедување, публицисти, шминкери и менаџери.

„Излегуваш на вечера и има 15 луѓе на масата, а кој ќе ја добие сметката? Секој пат добивам сметка за вечера од 3.000 долари“, рекла Стоун (65) во интервју за „Ин стајл“.

Шерон рече и дека е премногу позната за да лета со комерцијални авиокомпании.

„Барем сега [луѓето] разбираат дека Џенифер Лоренс не може само да скокне во авион. Никол Кидман не може да лета со ‘Делта’. Ниту Шерон Стоун не може да го направи тоа, без разлика дали снима многу филмови или не“, рекла таа.

Сепак, за Шерон тешко може да се каже дека е скржава кога е во прашање напредокот во Холивуд. Во нејзините мемоари од 2021 година, „Убавината на живеењето двапати“, актерката откри дека му дала голем дел од платата на Леонардо Дикаприо само за тој да биде во филмот „Брзи и мртви“ од 1995 година, пишува „Пејџ сикс“.

„Тој беше суперѕвезда. Сакав да бидам во одличен филм, а не глупав, па ги барав најдобрите луѓе што можат да ме опкружуваат во него“, рекла Шерон за Дикаприо, кој во тоа време имаше номинација за Оскар за улогата во „Што го јаде Гилберт Грејп“.

Продуцентот не можел да ја разбере нејзината одлука да се откаже од дел од заработката само за Дикаприо да биде во вестернот од 1995 година, па таа му рекла: „Разбирам дека ова не е машко размислување. Концентричното размислување е начинот на кој размислуваат жените“.

Стоун, која доби три милиони долари за нејзиниот ангажман за овој филм на крајот му платила на Дикаприо 1 милион долари или една третина од нејзината плата за да го игра нејзиниот син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот