Шерон Стоун: Ја измамив смртта трипати! Како ќе умрам следниот пат?

Шерон Стоун е можеби најсреќната актерка во Холивуд. Фаталната русокоса признава дека успеала да ја избегне смртта трипати: по удар на гром, асфиксија и по мозочен удар.

Шерон Стоун /  EPA/J J GUILLEN

„Кога имав 14 години си го пресеков вратот до југуларната вена на жица за закажување перени алишта. Потоа ме удри гром и тоа многу силен. Бев дома, имавме и свој бунар. Ја полнев пеглата со вода и гром го погоди бунарот. Едната рака уште ми беше под вода, а другата на пеглата и одеднаш удри гром, а водата беше спроводник. Бев надвор, ама ме фрли во куќата низ кујната. Летав низ целата кујна и се удрив на фрижидерот. За среќа, мајка ми беше дома, таа ме спаси“, раскажа Шерон.

Шерон Стоун на 19-годишна возраст/Instagram

Во 2001 година, актерката доживеа тежок мозочен удар, по што помина девет дена во болницата.

„Се чувствував како да сум застрелана во главата“, признала актерката.
Звездата на „Ниски страсти“ мораше да помине низ тешка седумчасовна операција: во нејзиниот мозок беа вметнати 22 специјални спирали. За среќа, беше целосно рехабилитирана и покрај тоа што лекарите и давале само 1% шанса да преживее.

Шерон Стоун / EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Шерон прокоментира дека имала голема среќа што е уште жива.

– Понекогаш помислувам: Како ќе умрам следниот пат? Веројатно ќе се случи нешто многу драматично и лудо“, се шегува актерката.

За среќа, сега ништо не го загрозува нејзиното здравје. Неодамна заврши со снимањето на новата серија на Нетфликс „Nurse Ratched“.

Шерон Стоун на 62 години позираше за „Вог“ и си ја „отвори душата“: Се допишувам со разни чудаци и затвореници (ВИДЕО)

„Така ми се заблагодари“: Сценаристот на „Ниски старсти“ по 28 години тврди дека спиел со Шерон Стоун! (ФОТО)

Шерон Стоун на 63 години изгледа совршено, а вака изгледала како тинејџерка – Не би ја препознале… (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот