Шенон Доерти сака да напише проштални писма: Има некои работи кои морам да ѝ ги кажам на мајка ми

Фото: Профимедиа

Откако глумецот Џејсон Пристли кој во серијата „Беверли Хилс 90210“ го глумеше нејзиниот брат близнак прозборе за здравствената состојба на Шенон Доерти, се огласи и глумицата.

Иако води тешка битка со карциномот на дојката кој стигнал до четвртата фаза, Шенон порачува дека во нејзе сѐ уште има голема желба за живот. Во последното интервју што го даде за магазинот Elle, глумицата откри дека во моментот кога дознала дека карциномот ѝ се вратил била во лоша состојба, поминала извесно врме плачејќи, а потоа и размислувајќи за својот живот.

Instagram

„Почнав да се прашувам дали е тоа лоша карма и зошто ми се случи. Тогаш почнав да размислувам за својот живот, за работите што ги направив и што не ги направив. Почнав да размислувам каква бев кон луѓето и на крај, што ми донесе животот мене. Кога сѐ ќе се сумира, иако можеби не изгледа така, јас бев навистина добар човек“, рече Шенон во интервјуот.

Сега глумицата призна дека има намера да напише проштални писма или да сними видеопораки кои ќе им ги остави на членовите на семејството по смртта, но сѐ уште не го направла тоа.

Има некои работи кои морам да ѝ ги кажам на мајка ми. Сакам мојот сопруг да знае колку ми значеше. Но едноставно уште не можам да го направам тоа затоа што ми се чини толку конечно. Како да се простувам со животот, а не го сакам тоа.“

Шенон со мајка ѝ/Profimedia

„Кога ќе почувствувам дека ќе биде време да го направам тоа, ќе знам дека е крај. Тоа ќе биде за кога ќе се одјавам, а јас уште не се одјавувам. Се чувствувам како здрава личност. Тешко е да напишеш проштално писмо кога чувствува дека ќе живееш уште 10-15 години“, порача глумицата.

Доерти во интервју за ABC откри дека престана да објавува на социјалните мрежи зашто не сака да „биде непријатна“ и својата болест да им ја наметнува на другите.

Сакам и се обидувам да размислувам позитивно. Ова е необично време за мене, не стојам цврсто на своите нозе. Се борам“, рече Шенон.

 

„Шенон не сака да бега од вистината – таа умира“ – Пријател на славната актерка откри сè за нејзината борба со ракот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот