„Шенон не сака да бега од вистината – таа умира“ – Пријател на славната актерка откри сè за нејзината борба со ракот

Фото: Профимедиа

Актерката Шенон Доерти (49) веруваше дека го победи ракот на дојка кој ѝ беше дијагностициран пред 5 години, но во февруари оваа година тој повторно ѝ се врати, по што сега се проширил на нејзините лимфни јазли и преминал во четврт стадиум.

Со оглед на фактот што се повлече од јавноста, многумина се прашуваа како е Шенон, а одговорот на тоа прашање сега го дал нејзиниот колега од серијата, Џејсон Присли.

„Шенон е борец и отсекогаш била борец, и знам дека ќе продолжи да се бори колку што може“, изјави Џејсон, кој го глумеше нејзиниот брат Брендон во серијата „Беверли Хилс“.

Фото: Профимедиа

Покрај Џејсон, изјава за американските медиуми дал уште еден пријател на Шенон кој сакал да остане анонимен, а неговата изјава растажи многу обожаватели бидејќи открива сосема поинаква слика за здравјето на актерката.

„За жал, нејзината состојба е толку лоша што мислам дека нема да ја дочека 2021 година. Таа умира. Ова го велам со тешко срце, но Шенон не сака да бега од вистината и знае што ја чека наскоро”, изјавил изворот близок до актерката.

Фото: Профимедиа

За потсетување, Шенон кон крајот на февруари им се обрати на следбениците по пат на Инстаграм и ги сподели лошите вести за враќање на карциномот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот