ВИДЕО | Шефот на Вагнер, Пригожин, вели дека ќе им донесе слобода на африканските земји
Шефот на рускиот Вагнер Евгениј Пригожин во видео обраќање изјави дека неговата воена компанија ќе ја направи Африка уште послободна, сугерирајќи дека тој сега е на тој континент.
Препорачано
Се верува дека ова е прво јавно обраќање на Пригожин по бунтот против руското воено раководство кон крајот на јуни, кој заврши со тоа што рускиот претседател Владимир Путин и Пригожин се договорија тој и неговите единици да се преселат во Белорусија.
Во видеото објавено на налогото на Вагнер на социјалната мрежа Телеграм Пригожин во борбена впена ошрема ветува дека силите на Вагнер ќе ја направат Африка „послободна“.
Во видеото Пригожин вели дека Вагнер истражува минерали, како и дека се бори со исламистичките екстремисти и други криминалци.
„Работиме. Температурата е 50+, се како што сакаме. „Вагнер спроведува операции за извидување и пребарување, ја прави Русија уште поголема на сите континенти, а Африка уште послободна“, вели Пригожин.
„Ние им носиме среќа и правда на африканските народи и даваме кошмари на ИСИС (Исламска држава), Ал Каеда и другите бандити“, вели Пригожин.
Тој изјави и дека Вагнер сè уште регрутира и дека групата „ќе продолжи да ги исполнува поставените задачи.
The first video with Yevgeny Prigozhin appeared
“We are working. Temperature +50°. Everything we love. The Wagner Group conducts reconnaissance and search activities. Makes Russia even greater on all continents! And Africa even more free. Justice and happiness for the African… pic.twitter.com/OfJ3W5Xeth
— Cyprian, Is Nyakundi (@C_NyaKundiH) August 21, 2023
Шефот на Вагнер нема многу јавни настапи по краткотрајниот бунт против Кремљ во јуни, кој траеше само 24 часа.
Околу 5.000 војници на Вагнер ја презедоа контролата врз јужниот руски град Ростов-на-Дон и се упатија кон Москва, со цел, како што рече, да го заменат военото раководство.
Меѓутоа, по преговорите со Путин, со посредство на белорускиот лидер Александар Лукашенко, Пригожин ги запре своите борци на околу 200 километри од Москва.
Според досегашните проценки компанијата Вагнер има илјадници борци распоредени во неколку дрѓави во Африка.
Војниците на Пригожин се стационирани во одредени земји, како што се Мали и Централноафриканската Република (ЦАР), каде што групите за човекови права и Обединетите нации ги обвинуваат за воени злосторства. Во овие држави претходно беше изведен и воен пуч, па се смета дека зад насилното уривање на тамошните режими стои токму Москва.
Велика Британија минатиот месец воведе санкции за двајца водачи на операциите на Вагнер во ЦАР, обвинувајќи ги за мачење и убивање цивили.
САД ги обвинија борците на Вагнер дека се збогатиле преку нелегални зделки со злато во Африка.
Според договорот за прекин на бунтот, обвиненијата против Пригожин беа отфрлени и му беше понудено да се пресели во Белорусија.
За време на војната во Украина, имаше жестоки и јавни конфликти меѓу Пригожин и руското Министерство за одбрана околу спроведувањето на операциите.
Пригожин постојано го обвинуваше руското Министерство за одбрана за саботажа, односно за не снабдување на неговите единици со муниција и други потребни средства за борба против Украинските трупи.


