Шефот на иранската дипломатија Зариф: Планетата Земја ќе биде подобро место за живеење без Трамп

Фото: EPA-EFE/Ernesto Mastrascusa

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека „планетата Земја ќе стане подобро место за живот“ по заминувањето на Доналд Трамп од претседателската функција во САД.

Зариф на својот налог на Твитер напиша дека штетите што ги нанел режимот на Доналд Трамп на човечкиот род не биле доволни за неговите екстремисти и нагласи дека „ова се последни срамни денови на Трамп“, пренесе државната иранска новинска агенција ИРНА.

– Тоа што Мајк Помпео ги означи Хутите како терористи со што го влоши хуманитарниот кошмар во Јемен со изнесување на военохушкачки лаги против Иран, покажува краен презир кон мирот, рекол Зариф.

Шефот на иранската дипломатија нагласи дека планетата Земја ќе биде подобро место без Трамп, како и без американскиот државен секретар, Мајк Помпео, пренесе ИРНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот