Џо Кент, поранешен директор на Центарот за антитероризам/Фото: RS/MPI / Capital pictures / Profimedia
Џо Кент / Фото: RS/MPI / Capital pictures / Profimedia

Шефот на американската антитерористичка служба, кој поднесе оставка, вели дека се плаши од одмазда, но не се кае

Шефот на американската антитерористичка служба Џо Кент, кој поднесе оставка поради несогласување со администрацијата на Доналд Трамп да се води војна против Иран, изјави дека се подготвува за политичка одмазда – но и дека би го повторил она што го стори, пишува „Гардијан“.

Во поткастот на конзервативната новинарка Меган Кели на прашањето дали е загрижен за истрагата на ФБИ против него, која се однесува на „протекување на класифицирани информации“, Кент даде двосмислен одговор.

Од една страна рече дека не е загрижен бидејќи не направил ништо погрешно. Но, алудирајќи на начинот на кој администрацијата на Трамп се обидува кривично да ги гони луѓето што претседателот ги смета за непријатели, тој додаде:

-Секако, загрижен сум бидејќи сите видовме како ФБИ и владата напаѓаат врз поединците што ќе се осмелат да проговорат. Тоа ме загрижува малку. Но, знам дека вистината и фактите се на моја страна, рече тој.

Според Кент, важните прашања што треба да се решат е зошто САД е во војна и како да излезе од состојбата во која се наоѓа во моментот.

Кент, поранешен ветеран од специјалните сили на американската армија, поднесе оставка од функцијата директор на националниот центар за борба против тероризмот во вторникот и оттогаш е на „конзервативна медиумска турнеја“, вклучително и со Кели и со Такер Карлсон, кои беа симпатизери на Трамп, но ги прекинаа односите со претседателот поради војната во Иран, како и поради несогласување за други прашања.

Кент претходно беше идеолошки војник на движењето на Трамп „Направете ја Америка повторно голема“ (Maga), бранејќи го нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година извршен од поддржувачите на претседателот, возвишувајќи ги неоправданите теории дека изборите што ги освои Џо Бајден во 2020 година беа „украдени“.

Сојузниците го напуштаат Трамп: Полска нема да испраќа војници во Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот