Шарлиз Терон и шишки? Тоа изгледа вака! (ФОТО)

Шарлиз одлучи уште еднаш драстично да ја промени фризурата и целокупниот изглед…

Актерката Шарлиз Терон изненади многумина кога на овогодинешното доделување на Оскарите се појави со неочекувано кратка боб фризура со темноплава боја, а сега се одлучи уште еднаш да ја промени фризурата.

Шарлиз се појави на премиерата на филмот Long Shot во Њујорк во елегантно црно Dior одело, а целото внимание беше насочено кон нејзината нова фризура со шишки.

Црвениот руж за усни секако го надополни новиот изглед и придонесе за тоа целиот стајлинг да делува поатрактивно и повпечатливо.

Нејзиниот фризер на својот Инстаграм профил сподели фотографии од подготовката за премиерата и така откри дека сепак станува збор само за привремена фризура и вметоци.

Што мислите за ова модно издание на Шарлиз Терон? Би го пробале и вие?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот