Јана Белчева, Шанса за Центар / Утрински брифинг

„Шанса за Центар” реагираат на изјавите на жителите од Ново Маало: Индивидуализирањето на нападите е крајно недолично

Откако жители на Ново Маало денеска на прес конференција на Водно обвинија дека актуелната советничка во Општина Центар Јана Белчева од личен интерес преку граѓанската иницијатива „Шанса за Центар” ја блокира изградбата на комплексот на паркингот спроти „Холидеј Ин”,  „Шанса за Центар“ испрати реакција.

Тие потенцираа дека ставовите на Јана Белчева Андреевска се ставови на сите од Иницијативата, а „индивидуализирањето на нападите е крајно недолично“.

-Ја информираме јавноста дека обвинувањата на дел од жителите на Ново Маало насочени кон неа ги сметамe за крајно тенденциозни, лажни и поттикнати од други субјекти, кои манипулираат и со системот и со засегнатите жители на Ново Маало. Таа нема апсолутно ништо со посочената парцела која спаѓа во ДУП донесен во 2013, а во време кога немала мандат во Советот. Овој план не спаѓа во плановите кои биле под мораториум донесен по основ за неусогласеност со ГУП 2012, и по направена анализа од стручна комисија на општината. Посочената парцела никогаш не била во нејзина лична сопственост, ниту во нејзиниот мандат претрпела било какви промени на параметрите за градба. Од пред пандемијата парцелата е во сопственост на трети лица, реагираат со соопштение од „Шанса за Центар“.

Инаку, на 22 ноември 2021 година започна изградбата на првата фаза на комплексот „Гранд”, предвиден за изградба на Градежната Парцела 1.1 во рамките на ДУП Ц08. Од „МГ Фешн” најавија дека на свој трошок ќе ги обесштетат сите жители на Ново Маало, со цел да ги почувствуваат користа на современото урбано живеење во главниот град преку урбано регенерирање на овој простор во срцето на Скопје.

ВИДЕО | Жители на Ново Маало: Тужби ако продолжат блокадите за реализација на комплексот „Гранд”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот