„Шанса за Центар“ изготви мапа од јавните објекти кои користат мазут и нафта

Фото: Шанса за Центар

Најмалку сто објекти се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинства. Мазутот е исклучително „валкан“ енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво, апелираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ кои објавија мапа од јавните објекти кои горат мазут и екстра лесно масло за домаќинство.

Со нафтата за домаќинство која се гори во една сезона може да се наполни повеќе од олимписки базен. А тоа потоа го дишеме. Според договорите за јавни набавки за една сезона може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство. Неколку установи зимава ќе изгорат стотици илјади килограми мазут, а во скопската котлина една јавна установа ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање. За да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив. Но за да се промени начинот на греење кај институциите потребна е главно политичка волја и одлучност и таму да се насочат сериозни пари од оние кои граѓаните ги уплаќаат во буџетот, велат од „Шанса за Центар“.

Додаваат дека ова е причина повеќе, покрај другите мерки, да се продолжи со проширувањето на мрежата за парно греење на која треба да се приклучат сите јавни институции кои имаат пристап до неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот