Шабан Салиу најави социјални станови за ранливите семејства во Шуто Оризари

Кандидатот на Демократските сили на Ромите(ДСР) за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Шабан Салиу, објави видео-обраќање со јасна порака за социјална правда, услужна администрација и транспарентно домување за ранливите категории граѓани.

„Не ни треба градоначалник што ја менува партијата како дрес. Ни треба општина што работи услужно,“ порачува Салиу, најавувајќи конкретни мерки за достоинствено домување.

Во фокусот на планот е систем за социјални станови со јасни правила и јавен надзор.

„Ни треба градоначалник што ќе се бори секој жител на Шуто Оризари да има свој дом. Во нашето Шуто Оризари ќе има социјални станови за ранливите семејства: за семејствата со најниски приходи, за самохраните родители и за лицата со посебни потреби. Ќе имаме јасни критериуми и јавни листи за распределба на социјалните станови“, вели Салиу.

Тој нагласи дека не ветува чуда, туку работа што се гледа и одговорност што се чувствува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот