Северина подготви жалба на пресудата: Судот не го праша детето

Адвокатскиот тим на пејачката Северина Којиќ (47) поднесе две жалби на пресудата на загребскиот Општински граѓански суд, пренесуваат хрватските медиуми. Адвокатите поднесоа и барање за одредување на привремени мерки таткото да не смее да го одведе детето надвор од Хрватска, откако Милан Поповиќ побара од пејачката да му го предаде пасошот од детето.

На споменатиот суд жалбата е поднесена во средата и на триесетина страници детално е образложено зошто треба да се укине пресудата според која момчето не живее повеќе со пејачката. Адвокатите на Северина сметаат дека Судот не ги почитувал одлуките на детето.

Тврдат дека детето има право да знае каде ќе живее и дека, според Конвенцијата на Обединетите нации за права на децата, треба да се праша за мислење и да биде запознаен со сите прашања кои се однесуваат на неговиот живот.

Во пресудата стои и дека Судот не водел сметка дека Милан Поповиќ, освен недвижнини во Загреб, поседува и уште неколку недвижнини надвор од државата, а со право може, како што се наведува во жалбата, да се постави и прашањето каде ќе биде домот на детето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот