Серија нови потреси во Мароко, жителите во страв
По страотниот потрес во кој загинаа над 2.000 луѓе денеска претпладне во Маракеш и околните подрачја повторно е почивствувано тресење на тлото. Според податоците од апликацијата „Земјотреси” која што ја следи сеизмичката активност и испраќа предупредувања до корисните на паметни телефони, потресите во Маракеш и околината биле со јачина од 4,5 степени.
Препорачано
Според ЕМСЦ, регистриран е потрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер 77 километри југозападно од Маракеш. Американскиот геолошки институт, пак, објави дека регистрирал земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтер на длабочина од 10 километри, околу 80 километри југозападно од Маракеш.
Инаку, на социјалните мрежи се појавија снимки од воздух на кои се гледа стравилното разорување во Мароко. Голем број градби се срушени или оштетени, а жителите покрај урнатините чекаат помош.
Засега не е јасно дали новиот потрес предизвикал дополнителна штета и дали има нови настрадани, но бил доволно силен за да ги вознемири луѓето кои и онака се уплашени од нови потреси.
Според некои од жителите, нема оштетувања но потресот бил прилично силно почувствуван.
Над 2.000 луѓе загинаа во земјотресот во Мароко, прогласена тродневна жалост


