Серена Вилијамс изјави дека „не е пензионирана“!?

EPA-EFE/JASON SZENES

Во една емисија на американскиот онлајн весник „Теккранч“ Американката неодамна изјави дека не е пензионирана?! Вилијамс претходно, во септември, се прости од професионалниот тенис на САД Опен

Серена Вилијамс неодамна изјави дека „не е пензионирана“. Вилијамс, која наполни 41 година кон крајот на септември, се прости од професионалниот тенис на САД Опен.

Но, неодмна, за време на нејзиното појавување на емисијата „Дисрапт“ која е емитувана од онлајн-весникот „Теккранч“, Вилијамс разговараше со водителката Џордан Крук.

Кога Крук и кажа на Вилијамс дека ѝ се допаѓа тоа што го користи зборот „еволуција“ наместо „пензија“, Вилијамс ја прекина со изјавата: „Јас не сум пензионирана“.

На директното прашање дали има шанси повторно да ја видиме на теренот како игра, Вилијамс рече: „Шансите се многу големи, дојдете кај мене дома, имам терен“.

По САД Опен, Вилијамс се појави на шоуто на Џими Фалон, „Тунајт шоу“. За време на нејзиното појавување, Вилијамс изјави дека славниот квотербек Том Брејди „поставил неверојатен тренд“.

Имено, Брејди (45), кој настапува во американскиот фудбал, се пензионира во март годинава, но само 40 дена потоа се врати од пензија. Тој игра за Тампа беј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот