Семејството на Југо очекува најстрога казна за возачот, тој се брани со трагичната судбина на вереницата
Обвинетиот вели дека ова е несреќен случај, дека на секој може да му се случи. Не, не може секому да му се случи ако свесно застанеш на таа патека. Тој вози огромен мотор „Кавасаки“ од 1000 кубици, без возачка дозвола, без кацига и го нема два дена, рече Бошковска.
Идната недела, на 29 декември, семејството на Југослав Николовски, ќе ја слушне пресудата за Фатон Љури кој го прегази на 1 јули на пешачка патека позади Влада, во Центарот на Скопје додека фрлаше ѓубре. Иако очекуваа дека денеска конечно ќе ја слушнат пресудата по два месеца судење, сепак судијката Снежана Марковска ја закажа за во понеделник, а денеска имаше завршни зборови.
Препорачано
-Верувам во пресуда, соодветна, правилна за нашиот Југо – рече сопругата на Југослав, Јасминка Кожинска Николовска.
-Тоа што се случи беше несреќа, не беше со намера. Жалам многу. Тоа беше еден момент, не бегам од казната – рече Љури пред Судот.
Но, додека обвинителката бараше тој да биде прогласен за виновен и набројуваше што се предизвикала трагедијата во семејството Николовски, ги оставила сопругата и двете ќерки во длабока тага и траума, а една од ќерките по несреќата дознала дека го загубила своето бебе во третиот месец од бременоста, ништо помалку не се пожали и одбраната на Љури.
Трагичната судбината на вереницата на Љури чиј брат загинал претходно во сообраќајка, која се обидела да се самоубие по сообраќајката што ја предизвикал Љури и бебето што го чекаат одбраната на возачот ја стави во контекст на олеснителни околности и побара затворска казна во рамки на законскиот просек, па се цитираат казни од 4, 5 години за вакви сообраќајки.
Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев
– Со оглед на сите околности на случајот, се работи за тешко кривично дело каде казната треба да обезбеди правична сатисфакција за загрозениот живот, да влијае да не се повторуваат вакви постапки и да ја сфати сериозноста на последиците од своето однесување. Не смее да се занемари запретената казна,јавниот интерес, а тоа е животот на луѓето како неприкосновено право. Сведоци сме за секојдневни сообраќајки со жртви. Верувам дека никој од нас и граѓаните не се чувствуваат безбедно по улиците. Заострена казнена политика мора да влијае во изградба на високи стандарди на секој учесник во сообраќајот. Не постои начин да се врати изгубениот живот. Дедо Југо не е меѓу своите најблиски тешка и ненадоместлива загуба. Сопругата и двете ќерки се во длабока тага и траума поради настанот. Болката е постојана, секојдневно влијае на нивниот живот, а една од ќерките која по несреќата дознала дека го загубила своето бебе во третиот месец на бременоста. Несреќата предизвика страдање врз цело семејство и оставила трајни последици. Поради тоа ќе побарам да го огласи виновен и казни согласно законот со санкција која ќе обезбеди да ја почувствува последицата која ја предизвикал тој – рече обвинителката.
Адвокатот Гоце Ристески пак со извештаји за лошата здравствена состојба на обвинетиот, на неговата вереница и за смртта на нејзиниот брат и побара индивидуализација на казната за возачот.
-Овој обвинет живее со својата избраничка повеќе од две години. Вереницата на 9. 05. 2025 го губи својот брат во сообраќајка. Нема никаков судски епилог за овој трагичен настан. За да биде трагедијата поголема, по смртта на својот брат, нејзиниот вереник прави сообраќајка, завршува со мерка притвор признание на вина и е свесен за последиците од својот чин. Во меѓувреме останува бремена психичката состојба кулминира по трагичниот настан и извршувањето на мерката притвор и ова лице посегнало по својот живот. Испила таблети и завршила на токсикологија, за среќа без опасност на својот живот и плодот кој го носи. Фатон Љури има 25 години кога треба да формира семејство – рече во дел од одбраната неговиот адвокат.
Една од ќерките на загинатиот Југослав во изјава по рочиштето рече дека обвинетиот се обидува да го прикаже настанот како несреќен случај, но, според неа, тоа не може да се оправда, бидејќи, како што нагласи, обвинетиот Љури возел мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола и без кацига, а по несреќата два дена бил во бегство.
–Обвинетиот вели дека ова е несреќен случај, дека на секој може да му се случи. Не, не може секому да му се случи ако свесно застанеш на таа патека. Тој вози огромен мотор „Кавасаки“ од 1000 кубици, без возачка дозвола, без кацига и го нема два дена, рече Бошковска.
Таа се надева дека судот ќе донесе најстрога пресуда и дека правдата ќе биде задоволена.
–Очекуваме дека пресудата ќе биде на највисоко ниво и остра. Се надеваме дека ќе има правда – рече Бошковска.
Совозачот на Љуми, Ибрахим Хамза, кој беше повреден во несреќата, не побара отштета и не се приклучи кон кривичниот прогон. Тврдеше дека Љури му пружил помош на Југослав, за пет минути дошла полиција која им рекла дека ќе дојде Итна медицинска помош, па си заминале.
Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев
Љури пред судот призна дека го сторил кривичното дело, односно го прегазил, но не призна дека вечерта на 1 јули не му укажал помош на повредениот.
Обвинителството пак тврди дека ќе докаже дека Љури на 1 јули го прегазил дедо Југо со мотор, на пешачка патека кога излегол да фрли ѓубре. За разлика од обвинетиот, Обвинителството тврди дека Љури го прегазил дедо Југо и избегал од местото на несреќата додека тој лежел облеан во крв. За второто кривично дело, дека не му пружил помош на Југослав, се води уште еден судски процес кој продолжува во јануари.


