Семејство во Англија со недели чувалo тело на почината ќерка

Британска полиција/ Фото:ЕПА

Семејство по потекло од Јапонија, кое првично било обвинето за криење на „мумифицираните“ останки на член на семејството во нивната спална соба дури шест недели, нема да биде кривично гонето.

Телото на Рина Јасутаке (49), уметничарка која студирала на Универзитетот Кембриџ, било пронајдено во септември 2018-та година на душек во куќа во Хелмсли, Северен Јоркшир. Нејзината мајка Мичико Јасутаке (78), сестрата Јошика Јасутаке (55) и братот Такахиро Јасутаке (49) го чувале нејзиното тело шест недели по нејзината смрт, иако веќе било во фаза на распаѓање.

Полицијата го пронашла телото откако во пријавата од локален фармацевт им кажала дека семејството од неа купувало големи количини хируршки алкохол и дека „мирисале на мртви тела“.

„Тројца обвинети боледуваат од исклучително ретка ментална болест“

Мичико, Јошика и Такахиро во октомври минатата година се изјаснија за невини за спречување на погребот во согласност со законот, а судот вчера одлучи дека нема да бидат осудени. На семејството му се закануваше затворска казна, парична казна, но и максимална казна доживотен затвор.

„Тројца обвинети страдаат од исклучително ретка ментална болест“, изјави вчера судијата Шон Морис за Дејли Меил.

За време на судењето во октомври 2019 година, обвинителката Сара Тајрер изјавила дека полицијата ги пронашла посмртните останки на Рина откако фармацевт ја повикал полицијата загрижена за големото количество хируршки алкохол што семејството го купувало.

„Мирисаа на мртви тела“

Таа кажала дека семејстовото меѓу себе коментирале за тоа како го користеле алкохолот за да го исчистат лицето на Рина Јасутаке и дека тие мирисале на мртви тела.

„Подоцна истиот ден, полицијата дојде на адресата и ја најде починатата во спалната соба на душекот во напредна фаза на распаѓање што доведе до очигледна мумификација“, изјави Тајрер пред судот.

Судијата Морис одлучи дека обвиненијата против членовите на семејството ќе останат во досието, но дека нема да бидат осудени под услов да бидат следени од социјалните служби. Тој објасни дека тоа се „многу невообичаени околности“ на злосторството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот