Семејно насилство: Крвнички ги претепал невенчаната сопруга и нејзината 3-годишна ќерка

Семејно насилство. Фото: Архива на Слободен печат

Започнал да ја удира 3-годишната ќерка со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што и нанел тешки телесни повреди.

Маж ги претепал невенчаната сопруга и нејзината 3-годишна ќерка, соопшто Основно јавно обвинителство.

Осомничениот, по вербална расправија со тупаници во лицето почнал да ја удира невенчаната сопруга, а потоа со тврд предмет – парче дрво замавнал и ја удрил по главата и телото. Потоа насилно ја турнал оштетената на подот и продолжил да ја клоца во стомакот, нанесувајќи и тешки телесни повреди.

Додека оштетената се обидела да повика помош, тој се приближил кон нејзината 3-годишна ќерка и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување како очув, започнал да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што и нанел тешки телесни повреди.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето, кое се сомничи дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда и Запуштање и малтретирање дете.

-Со оглед на тоа надлежниот јавен обвинител утврди дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице – се вели во дописот од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот