Крег Белами/фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Селекторот на Велс Белами очекува победа против Лихтенштајн, а средбата со Македонија „е поинаков натпревар“…

Крег Белами вчера го објави списокот на Влес за двата последни дуели од Квалификациите за СП 2026

Селекторот на Велс Крег Белами го соопшти списокот на неговата репрезентација во пресрет на последните два меча од Квалификациите за фудбалското СП 2026.

Велс игра на гости со Лихтенштајн на 15 ноември, а три дена потоа ја пречекува Македонија во последниот дуел од Квалификациите за Мундијалот. Тој дуел во Кардиф веројатно ќе решава за тоа кој ќе биде второпласиран во групата и по тој пат ќе оди во плејофот.

– Треба да победиме двапати. Лихтенштајн, очекуваме да победиме… Северна Македонија е поинаков натпревар, но чувствувам дека имаа среќа што не загубија. Верувам дека тоа се натпревари во кои ќе имаме многу посед на топката и мора да можеме да создаваме шанси од тој посед – изјави Белами.

Велс ќе настапи со речиси најсилниот состав во овие два дуели, информираат од тамошната фудбалска федерација.

Македонија и Велс во Скопје играа 1-1 со головите на Миовски (90+1) и на Брукс (90+6).

Милевски одбра за Велс: Македонија без Алиоски на клучниот дуел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот