Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Милевски одбра за Велс: Македонија без Алиоски на клучниот дуел

Фудбалската репрезентација на Македонија се насочува кон клучниот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Велс, кој ќе се игра на 18 ноември во Кардиф. Средбата најверојатно ќе решава кој тим ќе заврши на второто место во групата.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери, повикувајќи вкупно 28 играчи. Голем удар за тимот е повредата на Езѓан Алиоски, кој се повреди во редовите на Лугано, но за среќа на списокот се врати Висар Муслиу, кој беше повреден на мечот со Белгија во Гент.

Список на повикани репрезентативци

Голмани:
Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана:
Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Бојан Димоски (ТСЦ Бачка Топола, Србија), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред:
Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија), Давид Бабунски (Вардар)

Напад:
Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Елмин Растодер (Тун, Швајцарија), Кристијан Трапановски (Данди Јунајтед, Шкотска), Лирим Ќамили (Сондерјиске, Данска)

Собирот на репрезентативците е закажан за понеделник во хотелот „Хилтон“ во Скопје во 12:00 часот. Македонија ќе одржи мини-подготовки во главниот град, а на 13 ноември е закажан пријателски натпревар со Летонија, кој ќе служи како генерална проба пред дуелот со Велс.

 

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот