Села, Касами и Гаши се договорија: На избори ќе одат заедно

Ваквата информација за „Слободен печат“’ ја потврдија во партијата на Билал Касами. Наскоро и официјално ќе ја промовираат. Нема време за чекање, велат од Беса за „Слободен печат“.

Албанската опозиција ќе се обедини. Недоразбаирањата меѓу Беса и Алтернатива се надминати. Ваквата информација за „Слободен печат“ ја потврдија од Беса. Оттаму посочуваат дека начелно паднал договор за обединување на трите партии Алијанса, Беса и Алтернатива.

– Движењето Беса е за тројна коалиција. Ние сме за соработка и со Алијансата и со Алтернатива. Недоразбирањата се надминати, останаа минато. Прифаќаме вклучување и на Алтернатива. Наскоро очекуваме и официјализирање на договореното, бидејќи нема време за чекање. Сметаме дека само како обединети партии можеме сто отсто да победиме, велат од Беса.

Партиските математики покажале дека само обединети можат да ја победат ДУИ. Со тоа велат нашите извори во БЕСА на граѓаните им се дава надеж дека како опозициска коалиција се силни и ќе победат. Опозицијата не ги искористи сигналите во 2011 година кога албанските гласачи им дадоа повеќе гласови за опозициските албански партии. Сега е време ДУИ да се симне од власт.

-Ако се соберат гласовите на албанските гласачи што ги дадоа за опозициските партии на парламентарните изборите во 2011 и 2016, и на локалните избори во 2017 година, ќе се види дека бројот е поголем од гласовите дадени за ДУИ. Со тројната коалиција Алијанса, БЕСА и Алтернатива, сто отсто победуваме, ДУИ слабо стои кај албанските граѓани, велат во Беса.

И од Алијансата неофицијално ја потврдуваат информација. Интензивно се преговара и на ниво на претседатели и на комисии. Наскоро се очекува и конечен договор за една коалиција за трите партии, Алијансата, Беса и Алтернатива.

Ги потврдуваат позитивните сигнали на Беса која се спротивставуаше на коалиција со Алтернатива бидејќи биле во власта.

-Неминовно е да се обединиме. Суштинската промена ќе се случи само доколку ДУИ замине во опозиција, велат во Алијансата.

Според информациите на Алијансата од терен, ДУИ ја нема поддршката кај Албанците. Од Алтернатива на Африм Гаши се за обединување на помалите партии на Албанците.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи веќе пресече, ќе настапат самостојно на предвремените парламентарни избори. Тачи остави отворена можност за постизборна коалиција со партија кој ќе ги исполни двата предуслови, ДУИ да не биде дел од новата влада и тој да е вицепремиер.

Високи партиски претставици на ДУИ, но и партискиот лидер Али Ахмети неколку пати ги повикаа албанските опозициски партии на обединување, за да не се ситнат гласовите, а со тоа да се спречи и намалувањето на бројот на пратеници во Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот