Секс со славна личност или со бившиот? Што значат 6-те најчести еротски соништа

Сигурно секој од нас барем еднаш во животот имал некој жежок секси сон. И повеќето од нас следното утро стануваат збунети од некое лудо сценарио кое во реалниот живот ни се чини за сосема невозможно. Погледнете што значат секси соништата…

Секс со шефот

Луѓето често сонуваат секс со својот надреден или некој друг авторитет. Тоа не значи дека навистина го посакувате тоа, туку е всушност потсвесна желба за признание и преземање на одговорност. Освен тоа, значи дека сакате да имате поголем авторитет и да бидете подоминантни.

Секс со некој кој воопшто не го сакате

Жешка ноќ со некоја личност која во реалниот живот не ви се ни допаѓа воопшто, дури и ја презирате? Тоа воопшро не е невозможно – барем во сон. Причина: ако некој има секс во сон, тој покажува гола кожа и на некој начин е разголен, односно разоткриен. Со тоа, вие сакате да го „разголите“ вашиот животен сопарник, што во реалниот живот веројатно нема да се случи.

Секс со славна личност

Кој барем еднаш во животот не го сонувал ова? Светот е полн со актери, музичари и други познати личности кои повремено ни скокнуваат во креветот – во сон! Причината за тоа е сосема едноставна: ја сметате таа личност за привлечна. А привлечноста не мора да биде поврзана со добриот изглед. На пример, може да станува збор за улога која личноста ја глумела во филм кој неодамна сте го гледале. Ако чезнееме за однесувањето на некој актер во одредена улога, можно е да ни се појави во сон.

Секс со поранешниот партнер

Класика! Но, зошто сонуваме за тоа? Причината е следна: некаде длабоко сокриено во вашата потсвест се наоѓаат уште некои чувства за него. Работите за кои не сте имале време да поразговарате или да ги искусите во врската, можат да се појават во облик на еротски сон.

Екстремни сексуални соништа

Групен секс, садомазохистички игри или замена на партнерот: понекогаш сонуваме за екстремни сексуални пракси со кои немаме допирна точка во реалниот живот. Сонот не значи дека тоа потсвесно го посакуваме, туку има симболично знаење. На пример, ако дента сте направиле нешто непријатно – на пример сте имале незгоден разговор со шефот, тоа може да се рефлектира и во вашиот сон во екстремен облик.

Секс со друга жена

Дали вие жените сте сонувале дека спиете со друга жена? Ако сте сонувале, тоа не значи дека сте ја промениле сексуалната склоност. Сексот со друга жена може да значи дека во вашиот живот има жена (на пример колешка) со која постојано се споредувате и натпреварувате. За време на сексот двете сте на исто ниво, па конкуренцијата попушта или исчезнува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот