Секс симболот од осумдесеттите заврши во затвор: Саманта Фокс се степала со сопатник во авион во алкохолизирана состојба

Фото: Profimedia

Една од најпопуларните пејачки во осумдесеттите години, позната и по својот сексапил, Саманта Фокс ја помина ноќта во затвор откако се однесувала проблематично во алкохолирана состојба за време на лет од Хитроу до Минхен, пишува „Дејли мејл“.

Имено, 57-годишната поп икона се качила на лет за Михнен, каде наводно се степала со сопатник. Извори за „Сан“ велат дека пејачката „излетала“ од авионот, принудувајќи го да се сврти на пистата и да го напушти полетувањето во Лондон.

Полицијата потврди дека жена на околу 50 години била уапсена под сомнение дека била пијана во авионот и е пуштена со кауција до март. Таа самата рече дека „длабоко жали за какви било непријатности“ и ѝ помага на полицијата во истрагата. Додека Фокс ја поминала ноќта во затвор, нејзините сопатници биле принудени да ја поминат ноќта во хотел пред да можат да заминат ден потоа.

Фото: Profimedia

Апсењето доаѓа додека Фокс се бори да се справи со тагата што ја загуби својата помлада сестра Ванеса минатата година. Ванеса почина на само 50 години во март, девет дена откако падна во кома во својот дом по срцев удар.

По смртта на Ванеса, публицистот на пејачката изјави: „Сем би скаала да им се заблагодари на прекрасните лекари и медицински сестри за нивната грижа и поддршка. Сем и нејзиното семејство бараат приватност во овој тежок момент“.

Само еден месец пред смртта на сестра ѝ, Фокс се отвори за смртта на нејзината долгогодишна партнерка, Мајра Стратон, која почина во 2015 година по битка со ракот. Таа призна дека „не сакала да им покаже на луѓето“ дека тагува по нејзината смрт. Пејачката призна дека се мачела да „глуми среќа“ и „не можела да напише ниту една песна“ две години. Откако повторно се вљуби во новата сопруга Линда Олсен (50), Фокс откри дека дури сега е подготвена да објави нова музика, а на пат е и претстојниот албум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот