Секој ден правел по 200 склекови, а резултатот после само еден месец бил неверојатен! (ФОТО)

инстаграм

Јутјуберот Лаури Шо пред себе досега има поставено бројни предизвици, а најновиот предизвик на кој се посветил месец дена било да прави по 200 склекови и тоа секој втор ден. Го интересирало дали тоа ќе ја зголеми неговата издржливост и ќе направи видливи стомачни мускули.

Тој се одлучил на ваквиот предизвик бидејќи сфатил дека денот за одмор е многу важен, особено кога се во прашање предизвиците. На мускулните влакна потребно им е време за одмор.

View this post on Instagram

?

A post shared by Laurie Shaw (@laurie__shaw) on

Првиот ден тој направил 30 склекови уште кога станал. Сите 200 успеал да ги совлада во 15 минути и 11 секунди.

После недела дена тој додал неколку варијации.

„Ми требаше дополнителен предизвик. И понатака правам 200, но ми треба повеќе време“, објаснил тој.

На крајот од месецот можел да направи 70 склекови одеднаш. За 200 пати му биле потребни 9 минути и 18 секунди, што е многу подобро од почетокот.

Што се однесува до видливоста на стомачните мускули, тој не бил многу задоволен.

„Иако разликата е видлива, таа е минимална, но дефинитивно се чувствувам подобро и повеќе фит отколку пред 30 дена“, заклучил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот