Секогаш знае како да шокира: Јована Јеремиќ откри кога ја изгубила невиноста

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ jeremicjovana

Српската водителка Јована Јеремиќ е позната по тоа што „нема влакна на јазикот“ и по тоа што секогаш ги искажува своите ставови без задршка за време на своите телевизиски појавувања.

Иако во моментов прави пауза од социјалните медиуми, нејзините стари гостувања на телевизиските емисии се секогаш интересни за корисниците на Инстаграм и ТикТок.

Деновиве повторно стана вирална една нејзина изјава во емисијата „Ами џи шоу“ на српскиот водител Огњен Амиџиќ. Инаку, во таа прилика водителката откри кога го имала првиот сексуален однос.

„Ја изгубив невиноста на 23 и пол години. Навистина. Мораш да сфатиш, јас никогаш не лажам на телевизија. Ја изгубив невиноста, нема да ми биде срам како што им е на другите. Огњен, прашај ме. Постави ми го тоа прашање, навистина немам од што да се срамам. За другите тоа е зезање, но јас многу го сакав тој дечко. Голем поздрав за него, беше вистински господин. Крал. Поздрав за него“, изјави водителката.

Да потсетиме, по разводот со Војислав Милошевиќ, со кого ја има ќерката Леа, сега Јеремиќ е во врска со бизнисменот Драган Станковиќ, кој е 14 години постар од неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот