Секое семејство ќе добива социјален работник кој ќе ги води до извлекување од сиромаштија
Во рамки вторите две панел дискусии од регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата” што се одржува денеска во Скопје, се разговараше за улогата на социјалните услуги, управувањето со случај и приходните трансфери во намалувањето на сиромаштијата.
Душан Томшиќ од Министерството за труд и социјална политика, истакна дека Западен Балкан има силна традиција на давање на услуги за социјална заштита и грижа преку центри, односно преку Центрите за социјална работа. Меѓутоа, во многу од овие земји таквите центри честопати се поделени според различните професионални одговорности и не нудат сеопфатна проценка на ранливостите на децата.
-Токму затоа со социјалната реформа МТСП воведе и управување со случај. Ова значи дека секое семејство добива социјален работник кој ќе се грижи за потребите на семејството и ќе го води нивниот случај од самиот почеток до крај, рече Душан Томшќ
Сузана Борнарова од Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје истакна дека без соодветни инвестиции во услугите за социјална заштита и грижа, паричните трансфери нудат само делумно решение.
– Со него не се опфатени скриени ранливости, како дискриминација, психо-социјални проблеми или ментално здравје, коишто можат да ги доведат семејствата во сиромаштија или материјална обесправеност” – рече таа.
Алфонсо Лара Монтеро, од Европска социјална мрежа, истакна дека управувањето со случаи е предмет на промени и треба да се менува согласно потребите на општеството.
– Развојот на услуги како што се патронажна служба, грижа за деца и развој на предучилишно образование допринесуваат за намалување на сиромаштијата, посебно на детската сиромаштија – смета тој.
Божидар Дакиќ директор на Заводот за социјални работи на Србија истакна дека секоја земја треба да работи на јакнење на капацитетите на локалните центри.
-Битно е локалните самоуправи да се вклучат во испораката на социјалните услуги бидејќи социјалните ризици се глобални, а решенијата се секогаш исклучиво локални, рече Дакиќ.
На последната панел дискусијата за денеска, посветена на приходните трансфери и ефекти врз намалувањето на сиромаштијата беше речено дека целта на овие трансфери е да се заштитат ранливите семејства од ризиците.
– Нивна крајна цел е да обезбедат поддршка за граѓаните да почнат да заработуваат доволно за да се грижат за себе, трајно да излезат од сиромаштија и да не останат зависни од системот. Во Северна Македонија се внесени нови начини и средства кои ќе водат до намалување на сиромаштијата” – рече Јамеле Риголини, лидер на програма, Светска банка.
Маја Геровска Митев, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје, смета дека пристапот до правата пред реформите бил многу потежок и не водел до намалување на сиромашријата.
– Клучната цел на ваквиот реформата е да се зголеми пристпноста со детскиот и образовниот дотаток и пристапноста до услуги. Една од целите на реформата беше поголем пристап и по покриена со социјална заштита. Проекцијата е дека околу 90 илјади деца ќе дибијат пристап од моменталните 23. 000 илјади – рече Геровска Митев.