Седум причини зошто да ги вметнете урмите во исхраната!

pexels

Урмите честопати се поврзуваат со десерти. Сепак, ова природно слатко и разноврсно овошје има бројни придобивки за здравјето на луѓето.

Тие се многу хранливи

Три урми обезбедуваат 200 калории, 54 грама јаглени хидрати и пет грама влакна и грам протеини. Воопшто не содржат масти. Исто така содржат витамини Б и К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган.

Тие содржат бројни антиоксиданти

Покрај витамини и минерали, урмите се богати и со антиоксиданти кои имаат заштитна функција. Со други зборови, тие помагаат при оксидативен стрес предизвикан од нерамнотежа помеѓу производството на слободни радикали и способноста на организмот да се справи со нивните штетни ефекти. Урмите исто така имаат антиинфламаторни состојки затоа помагаат во борбата против настинките и болестите.

Тие се природно слатки и не содржат додаден шеќер

Многу луѓе сметаат дека урмите се како суво овошје, но тие всушност се свежи бидејќи не се дехидрирани, односно содржат вода. Затоа, не треба да се избегнуваат ако обрнете внимание на половината. Тие имаат нула грама додаден шеќер, и ова е клучно за здравјето затоа што внесувањето на додаден шеќер мора да се намали бидејќи го зголемува ризикот од срцеви заболувања и дебелина.

Тие се добри за варење

Три урми имаат 18 проценти од дневниот препорачан внес на влакна, па затоа се многу корисни за правилно варење. Ако некогаш сте се соочиле со запек, знаете колку е срамен тој проблем. Урмите можат да помогнат.

Тие го штитат здравјето на срцето и го држат под контрола нивото на шеќер во крвта

Неколку студии покажуваат дека урмите треба да се консумираат доколку сакате да го заштитите срцето и да ги одржувате нивоата на шеќер во крвта под контрола. Тоа е многу важна мерка за спречување на дијабетес, состојба која е многу сериозна закана за здравјето.

Тие го штитат мозокот

Заштитните компоненти во урмите се корисни за мозокот. Една студија објавена во списанието Neural Regeneration Research вели дека урмите имаат поволен терапевтски потенцијал против Алцхајмеровата болест поради нивната способност да се борат против воспаленија и оксидативен стрес.

Тие можат да го олеснат природното породување

Урмите може да бидат корисни и за бремени жени. Напис од 2020 година, објавен во списанието BMC Pregnancy and Birthburn, се осврна на влијанието на урмите врз бременоста и породувањето. Истражувачите ги прегледале објавените студии и заклучиле дека јадењето урми може да го намали времетраењето на активната фаза на трудот, за време на кое грлото на матката се шири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот