Седум лица повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно 13 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и пет нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за неправилно престигнување.

Четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло биле исто така санкционирани од сообраќајната полиција.

Прочитајте и...  Независен синдикат на градежни работници: Универзална сала може со мала инвестиција да се санира, граѓаните да застанат во одбрана на овој објект

Со специјалното возило „пајак” биле отстранети 71 возило.

Прочитај повеќе

Разбојништво во стан во центарот на Тетово   

МИА Агенција

Скопјанец обвинет за незаконско поседување оружје

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со кокаин

МИА Агенција

Повреден тракторист на падините на Огражден

Тешко повреден велосипедист на булеварот „Александар Македонски”

Жител на Шишево е повреден во синоќешното невреме

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Изгоре „сеат алтеа“ во Ново Лисиче

Горан Наумовски

Тепачка меѓу двајца соселани во Кичево

МИА Агенција

Повредено дете во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар

МВР спречи илегален влез на мигранти

Работник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди

Слободен печат

Момче на возраст од околу 25 години пронајдено обесено на кејот на Вардар

Слободен печат