Седлоски по два месеци ја напушти албанската Влазнија

Работнички е новиот тренерски предизвик на Гоце Седлоски/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Кратко траеше тренерскиот ангажман на Гоце Седлоски во албанскиот фудбалски клуб Влазнија.

Само два месеци македонскиот тренер седеше на клупата на Влазнија иако со екипата успеа сезонава да обезбеди место во Европа.

– Фудбалскиот клуб Влазнија до целокупната спортска јавност соопштува дека договорот со тренерот Гоце Седлоски е завршен. Заблагодарувајќи му сè за сработеното во овој период со нашиот тим, клубот му посакува успех во понатамошната кариера – информираат од клубот.

Влазнија како четвртопласирана во албанското првенство ова лето ќе игра во Конференциската лига.

Во својата тренерска кариер Седлоски ги водеше и Турново, Вардар, Рига, Широки Бријег, вториот тим на Динамо Загреб, Шкупи, а беше асистент во Матерсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот