Седеа на клупа, полицајците брутално ги претепаа: Ова видео од Србија ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Српската Н1 телевизија вчера цело време известуваше за протестите во Белград, кои започнаа по изјавата на претседателот Александар Вучиќ за враќање на полицискиот час поради влошување на епидемиолошка состојба.

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Така, репортерите забележаа повеќе инциденти, меѓу кои и овој брутален напад кога полицијата опколи неколку демонстранти кои мирно седат на една од клупите во блискиот парк пред републичкото Собрание:

Видеото се прошири на сите социјални мрежи, а многумина забележија дека и покрај тоа што демонстрантите седеа мирно на клупата, а едниот од нив дури и ги крена рацете, тие сепак беа крвнички нападнати.

Во еден момент полицијата се обиде да ја спречи и репортажата на Јелена Зориќ од Н1, која на полицаецот му одговори „Што правите, ние сме телевизиска екипа, во моментов Н1 оди во живо. Ова е јавен простор и снимаме што правите, ова е нашата работа, да снимаме и пренесеме што вие работите“:

На почетокот од демонстрациите полицијата со минимален број го обезбедуваше Собранието, но потоа беа зајакнати со луѓе, полициски кучиња и со коњица.

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Полицијата на неколку наврати тепаше со пендраци и апсеше. Регистрирани се 13 повредени полицајци и 7 демонстранти.

Policija gubi kontrolu i prebija ljude!

Publiée par Ne davimo Beograd sur Mardi 7 juillet 2020

Полицијата околу два часот наутро ги растера демонстрантите во Белград, за денес закажан нов протест (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот