Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна - Слободен печат

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст” на СЈО.

„Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст”, по добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истата, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано“, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Решението веќе е доставено до странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет, а по правосилноста на решението Кочан е должен веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

Прочитајте и...  Момче од Орешани уценувал познаничка со компромитирачки фотографии

Сеад Кочан требаше да се јави на издржување на затворската казна на 17 јули, откако Кривичниот совет ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд да се одбие неговото барање за одложување.

Во меѓувреме, тој поднесе друго барање за одложување на издржување на казната поради болест, што исто така, е одбиено.

Сеад Кочан е осуден поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Кочан, кој е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна првично доби шест години казна затвор, но Апелацискиот суд му ја намали казната на четири години и осум месеци. 

Прочитај повеќе

На Клиника донесено 15-годишно девојче со повреда во главата од огнено оружје

Слободен печат

Скопјанец со изгореници пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Слободен печат

Татко на исчезнато дете бара помош од јавноста и МВР

Момче од Орешани уценувал познаничка со компромитирачки фотографии

Горан Наумовски

Психијатриско лекување за скопјанецот кој си го уби братот

Гореа два автомобили во Скопје

Остави Коментар

13 − 1 =

Прочитај повеќе

Патничко комбе изгоре на булевар „Македонија“ во Кавадарци

Слободен печат

Дваесеттина повредени во сообраќајка помеѓу автомобил и автобус на автопатот Куманово-Табановце

Слободен печат

Запалени седум контејнери во Скопје

Слободен печат

Уапсен малолетник кој навредувал полицајци 

Слободен печат

Кривична за две лица од Грчец за поседување оружје

Слободен печат

Од водите на Вардар изваден женски труп

Слободен печат