Се „закани“ со пиштол среде концерт: Адел проговори за фановите кои фрлаат предмети кон пејачите

Фото: Инстаграм/Адел

Во последно време, се појави еден необичен тренд на фрлање предмети кон пејачите за време на нивните концерти. Прва жртва беше пејачката Бебе Реџа, која беше удрена со мобилен телефон за време на нејзиниот концерт во Њујорк.

Неколку дена подоцна, еден обожавател ѝ удри шлаканица на пејачката Ава Макс среде нејзиното музичко шоу во Лос Анџелес. Иако не стануваше збор за удар со физички предмет, тоа, дефинитивно, беше насилен акт.

И пејачката Пинк доживеа бизарност на сцена – еден од присутните на нејзин концерт ја фрли пепелта на неговата покојна мајка на сцената.

Британската пејачка Адел го искоментира бизарниот тренд за време на нејзиниот последен концерт во Лас Вегас, каде одржува серија концерти со називот „Викенди со Адел“.

„Дали забележавте дека луѓето го заборавија кодексот на однесување на концертите и почнаа да фрлаат предмети на сцената. Дали го видовте тоа?“, ѝ се обрати таа на публиката.

„Е*ено ве предизвикувам. Јас ве предизвикувам да фрлите нешто кон мене и е*ено ќе ве убијам“, рекла таа, мавтајќи со пиштол кој испукува маици.

Фото: Инстаграм/Адел

„Престанете да фрлате работи кон уметниците, но можете да пукате предмети кон луѓе“, се насмеала таа и почнала да пука со пиштолот со маици кон публиката.

Оваа постапка на британската пејачка ги насмеа нејзините фанови.

„Ова е премногу смешно“, „Плачам“, „Кралица“, се дел од коментарите на социјалните медиуми.

@evioni_evioni She aint having it bb #adele #weekendswithadele #lasvegas #ceasarspalace #beberexha #fyp @Adele Access ♬ original sound – Evan Masella

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот