Се урна станбена зграда во Индија, досега извлечени 20 мртви тела

Фото: МИА

 Уште неколку тела се извлечени од под урнатини на зграда во близина на главниот индиски финансиски центар Мумбаи, со што вкупниот број на загинати денеска се зголеми на 20, соопшти локалната полиција, пренесе ДПА.

Трикатната станбена зграда во густо населената населба Биванди се урна вчера наутро, додека повеќето станари се уште спиеле. Проценките се, наведува ДПА, дека во време на колапсот во зградата имало повеќе од 60 станари.

Меѓу загинатите има девет деца, изјави претставникот на локалната полиција – Малоји Шинде.

Спасувачката операција продолжуваа со помош на Националните сили за помош при катастрофи (НДРФ).

– Најмалку уште 20 лица е можно се уште да се наоѓаат заробени во урнатините – изјави официјален претставник на НДРФ, цитиран од весникот „Хиндустан Тајмс”.

Локалната полиција соопшти дека зградата била стара над 35 години и имала потреба од поправки, но дека жителите не ја испразниле и покрај тоа што тоа им било побарано.

Уривањето згради е честа појава во Индија, вообичаено поради неправилна градба, супстандардни материјали и непочитување на прописите.

Многу од овие несреќи се случуваат за време на сезоната на монсуни, појаснува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот