Се шират лажни експлицитни фотографии од Тејлор Свифт: Пејачката бесна, размислува да тужи

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Популарната пејачка Тејлор Свифт (34) е бесна поради фотографиите создадени со помош на вештачката интелигенција кои се појавија на порнографските страни, а подоцна и на социјалните мрежи, пишува „Дејли мејл“.

Пејачката размислува дали да преземе правни мерки поради сликите, кои станаа вирални откако се појавија на порнографски страни.

„Се одлучува дали да се преземат или не правни мерки, но едно е јасно. Овие лажни слики создадени со вештачката интелигенција се навредливи и експлоататорски и се направени без нејзина согласност и знаење. Твитер профилот што ги објави веќе не постои. Шокантно е што платформата на социјалните мрежи дури и дозволи да бидат објавени“, изјави извор за „Дејли мејл“.

Фотографиите генерирани со помош на вештачка интелигенција ја покажаа Тејлор во провокативни пози на натпревар на тимот на Канзас Сити Чифс, за кој игра нејзиното момче Тревис Келси (34). Изворот за споменатиот медиум вели дека нејзиното семејство и пријателите исто така се „бесни“. Тој истакна дека профилот на Твитер каде првично се објави содржината повеќе не постои.

„Потребно е да се донесат закони за да се спречи тоа…“, посочил изворот.

Иако Свифт јавно не го коментираше скандалот, нејзините лојални обожаватели брзо го преплавија Твитер со коментари со  поддршка за неа, во обид да се бори против ширењето на несоодветни слики.

„Ова е одвратно“; „Заштитете ја Тејлор Свифт по секоја цена“; „Зошто ова не се смета за сексуален напад?“; „Користењето на туѓа генерирана порнографија е ужасно и неоправдано. Вие момци треба да бидете затворени“, се дел до коментарите.

Уапсен е мажот што ја вознемируваше и следеше Тејлор Свифт

„Тејлор Свифт и нејзиниот свет“: На Харвард ќе се учи за глобалното влијание на пејачката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот