ФОТО+ВИДЕО | Александра Пријовиќ секси во фустан од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на попуст

Александра Пријовиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм/aleksandraaa_lovee

Српската пејачка Александра Пријовиќ воодушеви со зелен фустан со леопард принт на нејзиниот прв концерт во Вараждин одржан во градската Арена. Тоа беше првиот од трите закажани концерти во тој град.

Фустанот со кој Пријовиќ привлече внимание и покажа дека ги следи трендовите е од брендот Роберто Кавали, а неговата цена е високи 1.350 евра.

Фустанот во моментот е на намаление. Овој долг фустан со леопард принт и боја на лимета има длабоко деколте во облик на V и се врзува на грбот. Тесен е околу половината за убаво да ја обликува фигурата. Фустанот е креиран во Италија, татковината на брендот.

Фустанот може да се нарача преку официјалната веб-страница на брендот, а во моментот е во продажба.

Роберто Кавали – фустан со боја на лимета со леопард дезен, Роберто Кавали, намалена цена е 895 евра.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ aleksandraprijovicstyle

Инаку, светските модни експерти најавија дека леопард принтот ќе ја одбележи 2024 година. Често предизвикува поделени мислења, но дизајнерите лансираат колекции со овој дезен на секои неколку години.

ФОТО+ВИДЕО | Александра Пријовиќ и четвртиот ден пеела во луксузна модна комбинација: Моделот чини над 13.000 евра

Целиот регион лудува по Александра Пријовиќ: За неколку месеци ќе наполни повеќе од 20 арени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот