Се сеќавате на легендарната Црна торта? Идеална е за подготовка во периодот на изолација

Unsplash/Cindy Fernandez

Станува се потешко секојдневно да смислувате кој десерт да им го спремите на децата во ова време кога сите сме затворени во четири ѕида, а полека ги исцрпивме сите идеи. Среќа, овој рецепт од минатото за легендарниот колач чија подготовка трае колку еден училишен час, ќе ги воодушеви вашите најмили.

Црн колач без јајца со банана

*Состојки за бисквитот

– 1 чаша јогурт
– 1 чаша зејтин
– 2 чаши гриз
– 2 чаши кафеав шеќер
– 4 лажици какао
– 2 лажички сода бикарбона
– 2 пасирани банани
– 2 лажици рум

*Состојки за глазура

– 10 лажици млеко
– 1 ванилин шеќер
– 150 грама чоколадо за готвење
– 50 грама маргарин

Подготовка:

Состојките за тестото помешајте ги во поголем сад и оставете половина час смесата да отстои. За тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени и калапот со големина 20 х 35 см премачкајте го со зејтин и посипете го со гриз. Смесата ставете ја рамномерно во калапот и печете приближно 45 минути, во зависност од јачината на рерната. Малку пред да биде готов колачот, стопете ги на пареа сите состојки за глазурата и прелијте го топлиот колач.

Пријатен апетит!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот