Се сеќаваме на последниот концерт на Тоше Проески: Никогаш нека не се изгасне ѕвезденото небо!

Instagram

На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје.

Десетици илјади фанови на Тоше со него разменуваа неверојатна енергија и невидена љубов на тој величествен, неповторлив, легендарен концерт.

Додека Тоше ги пееше најголемите хитови, публиката спонтано, со вклучување на мобилните телефони создаде „ѕвездено небо“, а Тоше не криејќи го воодушевувањето и емоциите викна од бината:

Вклучете ги телефоните, повторно направете ѕвездено небо! Не можам да ви опишам како изгледа тоа одовде, од сцената. Ве молам сликајте, сакам слика од оваа убавина. Никогаш нека не се изгасне ѕвезденото небо! Ова не се опишува“, рече Тоше, посакувајќи таа волшебна слика да се повторува на секој следен концерт.

Но судбината сакаше поинаку и таа желба не му се исполни. Сѐ беше прекинато со сообраќајната несреќа утрото на 16 октомври 2007 година, кога Тоше загина.

Музиката на Тоше го обедини целиот регион, а тој остана запаметен по неговата неизмерна добрина, хуманост, љубезност, големото срце, искрената насмевка и посебноста.

Да се потсетиме на неговиот последен концерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот