Се самозапали 40-годишен маж од Кочани

Минувачи и граѓани веднаш се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот, употребувајќи противпожарни апарати од соседните дуќани.

Во Трговскиот центар во Кочани денеска околу пладне се самозапали маж на 40-годишна возраст.

Според информации од очевидци, лицето се полеало со бензин по што извадило запалка и се запалило. Минувачи и граѓани веднаш се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот, употребувајќи противпожарни апарати од соседните дуќани.

Повикани биле и екипи од Територијалната противпожарна единица и од Итната медицинска помош, по што лицето е однесено во Општата болница во Кочани.

Од Болницата потврдија дека повредениот се здобил со тешки изгореници и поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиниките во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот