Се самоуби француската актерка која го обвини Жерар Депардје за сексуален напад

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Француската актерка Емануел Дебевер (60) која тврдеше дека Жерар Депардје сексуално ја нападнал, си го одзеде животот скокајќи во реката Сена во Париз, истиот ден кога се емитуваше документарен филм каде се користи материјал за поддршка на обвинувањата за сексуалното злоставување на актерот, пишува „Дејли мејл“.

Дебевер беше меѓу првите жени што го осуди недоличното однесување на Жерар Депардје кон жените во филмската индустрија. На 7 декември, истиот ден кога актерката се самоуби, беше објавена истражувачката програма „Понатамошна истрага“ (Complement d’enquete), која повторно ги разгоре страшните обвинувања против Депардје.

Таа го запознала Депардје во филмот „Дантон“ на Анджеј Вајда . На 5 јуни 2019 година, кога Депардје беше привремено ослободен од обвиненијата, Дебевер објави порака на својот Фејсбук, заедно со слика од неа и Депадје во филмот.

„Господин Депардје денеска беше ослободен од обвиненијата за силување и сексуална злоупотреба. Немам коментар. Во ‘Дантон’ ја играв Луисон, младата сопруга на Дантон. Монструмот за време на снимањето се препушти на многу работи, користејќи ја интимноста во кочијата. Тој ја лизна својата голема шепа под моето здолниште, велејќи дека тоа го направи ‘за да се чувствува подобро’. Бев против тоа“, напишала Емануел.

Причината која ја натерала актерката да се самоубие не е јасна, а освен објективна случајност, не е позната можна поврзаност помеѓу смртта на Дебевер и објавувањето на документарецот за Депардје.

Во моментов, Депардје се соочува со низа обвинувања за сексуална злоупотреба, а сите тие актерот силно ги негира и тврди дека секој сексуален контакт бил консензуален.

Неколку поединци во француската филмска индустрија признаваат дека постојат широки проблеми со сексуално вознемирување во индустријата.

„Знаеш ли колку тежам со ерекција?“: Протекоа бесрамните сексуални коментари на славниот Жерар Депардје

Жерар Депардје се огласи за обвинувањата за силување: Да повредам жена би било како да ја клоцам мајка ми во стомак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот