Се реконструира долниот кат во ОУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром

Фото: Општина Аеродром

Учениците од ОУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром новата учебна година ќе ја започнат во училиште со целосно реконструиран долен кат, информираат од локалната самоуправа.
– Овие денови се одвива реконструкцијата со која училниците ќе бидат подновени со нови врати и прозорци, бојадисани ѕидови, изолација и други различни содржини што ќе им овозможи на учениците настава во попријатна и современа атмосфера. Станува збор за инвестиција на општината во износ од 4 милиони денари – објаснуваат од Општина Аеродром.
Оттаму велат и дека, покрај овие активности, реконструкција на застарените делови од училиштата имало и во ОУ „Лазо Ангеловски“, а ОУ „Блаже Конески“ добило целосно нова енергетски-ефикасна фасада и започнал процесот за доградба.
– ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ наскоро добива нов современ спортско-рекреативен и едукативен полигон, а истовремено во останатите училишта се изведуваат тековни активности за обновување, одржување и осовременување на целата образовна инфраструктура – стои во соопштението од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот