Се проверува дали Турција користела ЗАБРАНЕТО ОРУЖЈЕ во Сирија

Фото: Профимедиа

Експерти на Организацијата за забрана на употребата на хемиско оружје (OPCW) соопштија дека ги проверуваат наводите на курдските сили дека Турција при офанзивата на североистокот од Сирија употребувале хемиско оружје.

„Експертите работат на утврдување на веродостојноста на наводите за ситуацијата на северот од Сирија”, се наведува во соопштението во кое не се вели дека е отворена истрага, туку само дека се надгледува ситуацијата.

Курдските власти во Сирија на 17 октомври ја обвинија Турција дека користи неконвенционално оружје, каков што е белиот фосфор и напалмот, во офанзивата на североистокот на земјата.

Француските медиуми тогаш пренесоа дека обвинувањата на сметка на турските и протурските сили не се проверени од независни извори.

Опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права, што има широка мрежа на извори на теренот, не ја потврди употребата на таков вид оружје. Меѓутоа, Центарот наведе дека во тој дел од земјата има многумина повредени со изгореници и дека тие се префрлени во болницата во Тал Тамра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот