СЕ ПРЕТПОСТАВУВА ДЕКА ИМА ПСИХИЧКИ ПРОБЛЕМИ: Рускиот војник кој пукаше во своите колеги испразнил два шаржери

Илустрација/Архива на Слободен печат

Рускиот војник Рамиљ Шамсутдинов, кој отвори оган на своите колеги и смртно застрела осум луѓе, тоа го направил изненадно, а откако испразнил цел шаржер, веднаш наполнил втор и продолжил да пука, раскажа неименуван извор кој е запознаен со ситуацијата, а пренесе „Вести-онлајн“.

– Двајца офицери и шест војници загинаа на лице место. Двајца други војници се ранети во рака и во стомак, а на еден куршум му поминал веднаш до главата – вели изворот.

За потсетување, инцидентот се случи синоќа во касарната 54160 во селото Горни, во Забајкалскиот крај на Руската Федерација.

Напаѓачот е уапсен, а во првата информација која излезе во јавноста се претпоставува дека станува збор за психичко растројство кај војникот поради негови лични проблеми, како и дека на ниту еден начин овој инцидент не е поврзан со воената служба.

Шамсутдинов е во руската војска од јули оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот