Сè повеќе жени учествуваат во опасната трка со бикови во Памплона
За време на фестивалот Сан Фермин во Памплона, Шпанија сè повеќе жени учествуваат во опасната трка со бикови, иако нивниот број останува многу мал.
Препорачано
Џомара Мартинез и неколку други жени оваа година им се придружија на илјадници мажи во трката позната како „енсеирос“ и покрај ризиците.
„Бик не познава пол, возраст или тип на тело“, рече Мартинез.
Според Сара Пинал, жените не можат, а да не се чувствуваат малку инфериорно поради нивниот тип на тело.
„Мислам дека многу луѓе сакаат да доживеат како е тоа, но не се осмелуваат затоа што се плашат“, рече Паула Лопез, која исто така учествуваше во една од трките
Трката се одржува по патека долга 846 метри, при што биковите се тркаат низ кривулести калдрмасти улици, предводени од шест волови.
Повредите се чести, а учесниците се обидуваат да трчаат точно пред нивните рогови.
Жените не учествувале во борбите со бикови сè до 1975 година, откако една година претходно беше укината забраната за жените, децата и повозрасни лица да бидат на улиците каде што минуваа биковите за време на фестивалот.
Сан Фермин стана светски познат благодарение на романот на Ернест Хемингвеј „И сонцето изгрева“, кој го опиша настанот во неговата книга од 1926 година.


