Се ожени синот на Џон Бон Џови! Џејкоб и Мили Боби Браун имаа тајна романтична венчавка

Џејк Бонџови и Мили Боби Браун / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Ѕвездата на серијата „Чудни нешта“, актерката Мили Боби Браун (20), минатиот викенд тајно се омажила за Џејкоб Бонџови (22), синот на музичката легенда Џон Бон Џови (62).

„Беше тоа многу скромна, романтична церемонија со нивното најблиско семејство“, изјавиле извори за „Сан“, додавајќи дека парот планира поголема прослава на крајот на годината.

Двојката ја објави својата врска во јуни 2021 година, кога беа фотографирани како се држат за раце додека шетаат во Њујорк. И двајцата имаа маски на лицата, а Џејк држеше торба со кучето Вини. Тие се верија во април 2023 година, кога Мили го покажа својот дијамантски веренички прстен.

„Три лета те сакам душо“, напиша тогаш актерката со црно-бела фотографија.

Таа подоцна прокоментира дека и двајцата се возбудени поради венчавката.

„Џејк е навистина вклучен. Помага во текот на целиот процес. Никогаш не сум се чувствувала како да сум сама во ова и мислам дека тоа е навистина убаво. Цело време размислувам: ‘Дали е ова добра идеја?’. Но, на крајот, тоа е интимен ден за нас двајца“, изјавила таа за Си-ен-ен.

Таа откри и дека не сака свекорот да пее на нејзината свадба.

„Се чувствувам како да би приредила шоу за сите други. Верувам дека човекот заслужува одмор. Тој не запира. Секогаш е на тенис или на тренинзи за пеење. Мислам дека му треба одмор. Тричасовна пауза“, рекла Мили.

Инаку, откако се верија, многумина коментираа дека се премногу млади за да се венчаат. Џон Бон Џови не се согласи со нив и рече дека не гледа проблем во тоа.

ФОТО | „Ти сѐ уште си дете“: Мили Боби Браун се сврши со синот на Џон Бон Џови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот