Доделени наградите Тони: Престижни театарски почести за Даниел Редклиф, Џереми Стронг и Анџелина Џоли

Сара Полсон, Анџелина Џоли и ќерка ѝ Вивиен и Даниел Редклиф / Фото: EPA

Британскиот актер Даниел Редклиф, познат по филмскиот серијал за Хари Потер, ја освои својата прва театарска награда Тони, како и неговите колеги Сара Полсон и Џереми Стронг, пишува „Јуроњуз“.

Познат по серијата „Наследници“, Стронг ја освои наградата Тони за најдобар актер во претставата за драмата на Хенрик Ибзен „Непријател на народот“, додека Полсон ја освои наградата за најдобра актерка во драмата „Соодветно“.

Даниел Редклиф / Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

На свечената церемонија, која се одржа синоќа во Линколн центарот во Њујорк, Редклиф освои Тони за најдобра споредна машка улога во мјузикл за „Среќно се движиме заедно“.

Вил Брил доби награда за најдобра споредна машка улога за претставата „Стереофоничен“, а Кара Јанг за женска улога во „Пурли Викториус“.

Сара Полсон / Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Меѓу другото, наградата за најдобар мјузикл ја доби претставата „Аутсајдерите“ во продукција на Анџелина Џоли. „Стереофоничен“ е прогласена за најдобра претстава, а нејзинит режисер е прогласен за Даниел Окин.

„Тони“ за најдобар актер во мјузикл го доби Џонатан Гроф за „Среќно се движиме заедно“, додека најдобра актерка беше Малиа Џој Мун за мјузиклот „Кујна од пеколот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот