Група момчиња ја изнервираа Марија Шерифовиќ: „Па, јас би се убила ако мојот син биде невоспитан како вас“

Марија Шерифовиќ
Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“ / Фото: Инстаграм, Марија Шерифовиќ

Српската пејачка Марија Шерифовиќ (39) неодамна одржа концерт во Швајцарија, каде се соочи со непријатна ситуација.

Имено, група момчиња од публиката ја малтретирале, па се обидела да ги доведе во ред со „сочен“ речник.

На видеото, објавено на платформата ТикТок, се слуша како Шерифовиќ им вели: „Вие четворица сте толку лошо воспитани, што е вистински пекол. Многу сте невоспитани. Простете ми, но морам да ви кажам. Ако разбирате, а ако не разбирате – преведете им. Уф, колку се изнервирав, би им ја е*ела мајката. Но, не е важно, тие се млади момчиња. Не дај Боже син ми да биде таков, веднаш би се убила. Сега ви простувам, следен пат – нема“, изјави Шерифовиќ.

На видеото не се гледа како се одвивало се и дали младите се смириле или ситуацијата ескалирала.

@tanjasrdjevic @Marija Serifovic 🩷👏🏻 #marijaserifovic #serifovic #dolaziljubav #drugacija #buditedobro #zürich #foryou ♬ Originalton – Tanja Srdjevic 🌹

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот